Кои се 10-те најплатени актерки за 2017 според Forbes?
- Детали
- четврток, 17 август 2017
Ема Стоун во 2017-та заработи 26 милиони долари (околу 22 милиони евра), а тоа ја направи најплатената актерка во светот според Forbes.
Приходот на 28-годишната ѕвезда порасна значително, благодарение на улогата во оскаровскиот филм „La La Land“.
Ова е првпат актерката да успее да се искачи на престижната листа и да ја надмине пријателката Џенифер Лоренс, која беше на врвот 2 години по ред.
За жал, топ 10 листата сѐ уште заостанува кога станува збор за разновидност.
Кинеската актерка Фан Бингбинг и индиската ѕвезда Дипика Педукон, кои беа на минатогодишната листа, не се најдоа на листата од 2017, бидејќи глумеле во помалку филмови за време на проценката, според магазинот.
Погледнете ја целата листа на топ 10 најплатени актерки за 2017:
1. Ема Стоун – 26 милиони долари (околу 22 милиони евра)
2. Џенифер Анистон – 25.5 милиони долари (околу 21 милион евра)
3. Џенифер Лоренс – 24 милиони долари (околу 20 милиони евра)
4. Мелиса Мекарти – 18 милиони долари (околу 15 милиони евра)
5. Мила Кунис – 15.5 милиони долари (околу 13 милиони евра)
6. Ема Вотсон – 14 милиони долари (околу 11 милиони евра)
7. Шарлиз Терон – 14 милиони долари (околу 11 милиони евра)
8. Кејт Бланшет – 12 милиони долари (околу 10 милиони евра)
9. Џулија Робертс – 12 милиони долари (околу 10 милиони евра)
10. Ејми Адамс – 11.5 милиони долари (околу 9 милиони евра)
М. М. | Црнобело