10 ѕвезди на кои порано им велеле дека се грди за да бидат во светот на шоу бизнисот
- Детали
- среда, 16 август 2017
Многу славни ѕвезди мора да го имаат „она нешто“ што ја привлекува публиката, ако сакаат да влезат во светот на шоу бизнисот.
А, на овие 10 упорно сите им велеле дека едноставно одбиваат со изгледот и никогаш нема да успеат како актери и пејачи.
За среќа, со тек на време го докажале спротивното:
Бенедикт Камбербач
Во 2010-та кога Бенедикт почна да го глуми Шерлок, сите се бунеа како не е доволно сексапилен и харизматичен. Неколку епизоди подоцна – сите го обожаваа.
Мерил Стрип
Кога Мерил Стрип имала 27 години, била на аудиција за главниот лик во Кинг Конг. Продуцентот се свртел кон колегите и на италијански прашал: Зошто го поканивте ова грдо суштество?
Џесика Честејн
Црвенокосата била одбивана и етикетирана како непривлечна токму заради нејзините пеги и црвена коса.
Кеша
Кога Кеша се појави сите го критикуваа нејзиниот изглед, што ја довело до сериозни здравствени проблеми. Неколку години подоцна, по многу третмани, Кеша реши да не го слуша јавното мислење.
Криси Тајген
Тешко е да замислите дека најпосакуваниот бикини модел на денешницата некогаш била исмејувана. Во времето кога била млада, Криси била отпуштена од една фотосесија заради тоа што сред снимање сфатиле дека е „премногу дебела.“