Славни парови кои се бореле со неплодност

Во последниве години, сè повеќе парови имаат проблеми со плодноста. Оваа појава повеќе не е табу тема благодарение на познатите личности кои сè почесто зборуваат за тоа.

slavni-parovi-koi-se-borele-so-neplodnost-01.jpg

Со тоа, им помагаат и им даваат поддршка и на останатите парови кои поминуваат низ истото.

Погледнете дел од славните парови кои имале проблеми со неплодноста:

Ким Кардашијан и Канје Вест

Ким отворено зборува за проблемите со забременувањето, а во нејзиното реално шоу можеме да видиме и дел од нејзините посети на гинеколог, како и третманите кои ги применува за да може да има деца.

По раѓањето на нејзините две деца, Норт и Сент, состојбата на Ким не дозволува да носи уште едно бебе, па во моментов таа и Канје го очекуваат третото дете кое ќе го роди сурогат-мајка.

slavni-parovi-koi-se-borele-so-neplodnost-02.jpg

Џулијана и Бил Ренсик

Познатата водителка не криеше од јавноста дека имаше здравствени проблеми меѓу кои и рак на дојка. За да остане бремена помина низ неколку безуспешни процеси за вештачко оплодување, а доживеа и спонтан абортус.

Синчето Дјук го роди сурогат-мајка. Бил и Џулијана сакаа уште едно дете, но овојпат сурогат-мајката доживеа спонтан абортус на почетокот од бременоста.

slavni-parovi-koi-se-borele-so-neplodnost-03.jpg

Криси Тајген и Џон Леџенд

Згодната Криси многупати била мета на критики во јавноста. Таа отворено сподели дека страдала од пост-породилна депресија по раѓањето на ќеркичката Луна, зачната со вештачко оплодување.

Криси изјави дека неколку години се обидувале да имаат дете со сопругот, по што на крај се решиле на ваква одлука.

slavni-parovi-koi-se-borele-so-neplodnost-04.png

Мараја Кери и Ник Кенон

Пред да остане бремена со близнаците Морокан и Монро, Мараја доживеа спонтан абортус. Таа изјави дека претходно со сопругот поминале низ неколку третмани за плодност.

slavni-parovi-koi-se-borele-so-neplodnost-05.jpg

Тајра Бенкс и Ерик Асла

Познатата манекенка и нејзиниот сопруг го добија синчето Јорк со помош на сурогат-мајка.

Тајра изјави дека кога наполнила 40 години очајно сакала да роди дете, а неуспешните третмани за вештачко оплодување ги опиша како тешки и трауматични.

slavni-parovi-koi-se-borele-so-neplodnost-09.jpg

Никол Кидман и Кит Урбан

Познатата актерка отсекогаш имала проблеми со плодноста. Таа има две посвоени деца од бракот со Том Круз, а ќеркичката Сандеј Роуз од бракот со Кит Урбан ја роди на 41 година.

Втората нивна ќерка ја роди сурогат-мајка поради проблемите со кои се соочуваше Никол во првата бременост.

slavni-parovi-koi-se-borele-so-neplodnost-06.jpg

Клое Кардашијан и Ламар Одом

И Клое, како нејзината постара сестра Ким, отворено зборуваше за проблемите со плодноста. Иако беше млада, нивото на јајце-клетки почна значително да ѝ опаѓа.

По разводот со Ламар, Клое откри и дека дополнителен проблем за плодноста претставувала зависноста на нејзиниот сопруг од дрога и алкохол.

slavni-parovi-koi-se-borele-so-neplodnost-07.jpg

Хју Џекмен и Дебора Ли Фурнас

Актерот и неговата долгогодишна сопруга имаат две посвоени деца, откако се обиделе да имаат биолошко дете, но не успеале.

Пробале вештачко оплодување, а Дебора доживеала и неколку спонтани абортуси, па на крај се решиле на посвојување.

slavni-parovi-koi-se-borele-so-neplodnost-08.jpg

Габриел Јунион и Двејн Вејд

Габриел неодамна наполни 44 години и неколкупати досега изјавила дека притисокот за дете е сè поголем со текот на времето. Кошаркарот има 3 деца од претходниот брак кои живеат со нив.

Славниот пар не успеал во намерата да имаат дете, но сè уште се надеваат и се отворени за други можности.

slavni-parovi-koi-se-borele-so-neplodnost-10.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Славни личности кои си личат толку многу што и фановите не можат да ги препознаат За Пенелопе Круз и Салма Хајек како на сите да им требаат неколку секунди за да ...
Славни парови кои беа верени, но никогаш не стапија во брак (нивната ретро љубов буди носталгија) Дали некој од вас воопшто памти дека Никол Кидман и Лени Кравиц беа во врска, па...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Најубавите парови на доделувањето на Греми 2024 (фото) Дејвид Гета и девојката Џесика, Криси Тајген и Џон Леџенд, но и Мајли Сајрус со ...
Славни личности кои ја пронашле сродната душа по 40-тата година Многумина би рекле дека Холивуд е познат по раскинувања и кратки бракови, но ови...
Кои светски ѕвезди се родени во знакот на Лав? (фото) Сопружниците Џенифер Лопез и Бен Афлек се родени во знакот на Лав, иако таа е во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg