Шенон Доерти по 2 години битка со ракот, се враќа на глумата
- Детали
- четврток, 10 август 2017
Шенон Доерти го живее животот во целост, откако ѝ беше дијагностициран рак на дојка пред 2 години.
Таа беше исклучително силна и отворено ја покажуваше секојдневната битка со ракот.
Неодамна, таа објави дека ракот се повлекол и сподели фотки од одморот со сопругот, со нејзината природна коса.
Сега, 46-годишната актерка повторно се отвори и кажа колку е среќна што и се враќа на глумата по долго време.
Шенон објави фотка на Инстаграм на која изгледа прекрасно и најважно од сѐ - здраво.
Таа напиша дека е благодарна за секој ден и се заблагодари на тимот на Heathers, што ѝ овозможил да биде дел од нивната серија.
https://www.instagram.com/p/BXj7T_RhY20/?taken-by=theshando
М. М. | Црнобело