Пукна тиквата: Амбер Херд се раздели од милијардерот Илон Маск
- Детали
- среда, 09 август 2017
Гласините дека Амбер Херд и Илон Маск се разделиле изгледа се точни, со оглед на тоа што Илон го потврди тоа на Инстаграм.
Да се потсетиме, по разводот со Џони Деп, Амбер беше во неколкумесечна љубовна романса со CEO-то на Tesla, Илон Маск, а сега очигледно пукнала тиквата и со него.
Таа објави фотка на нејзиниот профил што немаше никаква поврзаност со нивната врска или со него, а тој остави коментар со кој на сите им даде до знаење каков е нивниот однос.
На оваа фотка, тој прво коментирал „Слатко“, а подоцна изгледа почувствувал потреба да се објасни пред јавноста, па остави уште еден коментар.
Во објаснувањето тој напиша: „Инаку, само да ги разјасниме гласините од викендов, иако Амбер и јас раскинавме, ние сè уште сме пријатели, блиски сме и се сакаме. Врските на далечина кога двајцата партнери имаат интензивни работни обврски се секогаш тешки, но кој знае што ќе биде во иднина.“
М. М. | Црнобело