Безвременска убавина: Ева Лонгорија со два беспрекорни аутфити во Њујорк
- Детали
- среда, 09 август 2017
Актерката Ева Лонгорија скоро и да нема направено модна утка досега. Каде и да се појави, привлекува внимание со својот изглед.
Деновиве, таа отпатува за Њујорк каде требаше да се појави на два настани. За првиот настан, доделувањето на наградите на Accessories Council, славната актерка одбра мал црн фустан со сатенска лента преку рамото.
Косата ѝ беше врзана во високо опавче, а за шминката одбра неутрални тонови и „smokey eyes“ во нејзин стил.
Следниот ден, Ева гостуваше во шоуто на Сет Мејерс. За оваа пригода, актерката беше облечена во краток црвен фустан со долги ракави кој ѝ ги истакна нозете.
Изгледот го надополни со иста нијанса на кармин и потпетици во беж нијанса.
М. В. | Црнобело