Криси Тајген не го разбира хороскопот, Бијонсе е Девица до крај: Ѕвездите на тема астрологија

Сите знаат во кој хороскопски знак се родени, но не секој верува во моќта на ѕвездите и планетите.

dzvezdite-otkrivaat-shto-mislat-za-horoskopot-01.jpg 

Тоа секако е лична одлука и секој има право на свое мислење и верување.

Но, има и такви кои веруваат дека хороскопскиот знак има улога и влијание врз нивниот живот, а тука се вбројуваат и дел од славните личности.

Што мислат ѕвездите за нивниот хороскопски знак и за тоа како тој влијае на нив:

Селена Гомез

„Јас сум вистински Рак. Премногу сум чувствителна. Чувствата ми се интензивни и го обожавам тоа кај мене. Чувството е нешто што го сакам.“

dzvezdite-otkrivaat-shto-mislat-za-horoskopot-02.jpg

Криси Тајген

„Не ги разбирам хороскопските знаци. Стрелец, мојот знак, секогаш одговара на мене, но исто така и другите 11 ми одговараат. Измама.“

dzvezdite-otkrivaat-shto-mislat-za-horoskopot-03.jpg

Кендал Џенер

„Јас сум Скорпија, па се приврзувам за луѓе. Ако те сакам, те сакам. Ако не ми се допаѓаш, тешко тебе.“

dzvezdite-otkrivaat-shto-mislat-za-horoskopot-04.jpg

Ким Кардашијан

„Кајли е Лав, јас сум Вага и изгледа овие 2 знака се комплементарни и си одговараат. Лавот е огнен знак со силна енергија (како Кајли), додека Вагата е воздушен знак и е посуптилен. На оганот му треба воздух за да преживее, па се совршен пар.“

dzvezdite-otkrivaat-shto-mislat-za-horoskopot-05.jpg

Кајли Џенер

„Ако Лавот ве фати да го лажете, готово е. Никогаш повеќе нема да ви верува. Можеби ќе прости, но довербата никогаш не се враќа целосно.“

dzvezdite-otkrivaat-shto-mislat-za-horoskopot-06.jpg

Ријана

„Рибите секогаш одржуваат тесен круг... никогаш не биле заинтересирани за привремени пријателства. Нема нови пријатели.“

dzvezdite-otkrivaat-shto-mislat-za-horoskopot-07.jpg

Бијонсе

„Јас сум Девица до крај. Сакам да размислувам надвор од кутијата. Не верувам во одговор НЕ, екстремно сум критична, некогаш дури и претерано. Понекогаш тоа е нешто на што мора да поработам.

Сакам да контролирам сѐ. Обрнувам внимание на деталите. Кога правам нешто, го проверувам 1000 пати. Имам високи очекувања за себе и го очекувам истото од другите.“

dzvezdite-otkrivaat-shto-mislat-za-horoskopot-08.jpg

Џиџи Хадид

„Имам сигурност во вистински моменти и одам по својот пат. Јас сум Бик и сум тврдоглава.“

dzvezdite-otkrivaat-shto-mislat-za-horoskopot-09.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 славни мајки и ќерки кои се вистинска копија една на друга Каја Гербер е вистинска копија на својата славна мајка Синди Крафорд, а Рис Вите...
Познати актерки кои се родени во иста година, но не изгледаат така (фото) Дали ви изгледа дека Моника Белучи и Мариса Томеи се на иста возраст? Дали ви...
Кои светски ѕвезди се родени во знакот на Лав? (фото) Сопружниците Џенифер Лопез и Бен Афлек се родени во знакот на Лав, иако таа е во...
Првата сопруга на Принц: Ја посвои на 16 години, на 19 ѝ ја одзеде невиноста, смртта на синот им го ... Кога првата сопруга на Принц имала 16 години, тој станал нејзин законски старате...
Познати личности кои имаат повеќе хејтери, отколку фанови Веројатно очекувате на листата да се најде Амбер Херд. Но, кои се другите познат...
Парис Хилтон сподели први фотки од 5-месечната ќерка Лондон: „Го ценам секој миг со неа“ „Сонував да имам ќерка која ќе се вика Лондон уште откако знам за себе“ – Парис ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg