Џеј Ло и Алекс Родригез ги украдоа сите погледи на свадба во Њујорк
- Детали
- понеделник, 07 август 2017
Џенифер Лопез изгледаше прекрасно и отмено во долг тесен фустан на свадба на пријатели во Њујорк во неделата.
Секако, 48-годишната убавица беше во придружба на нејзиното момче Алекс Родригез, кој исто така изгледаше неверојатно згодно и елегантно во црно одело.
https://www.instagram.com/p/BXeTkjIlMBF/?taken-by=jlo
Мегаѕвездата го комплетираше изгледот со златен накит и високи златни штикли, пуштена коса и едноставна, но впечатлива шминка.
Алекс ја покажа својата атлетска градба и згодно тело во црно одело и бела кошула, а секако неизбежен дел се и црната лептир машна и црни наочари.
Парот целосно изгледаше совршено, а сите погледи повторно беа во нив.
Погледнете како изгледаа:
М. М. | Црнобело