Меланија Трамп - прва дама која не се срами двапати да носи ист фустан
- Детали
- вторник, 01 август 2017
Меланија Трамп носи голем број дизајнерски парчиња како прва дама, a досега е неколкупати забележана во истата облека на различни настани.
На фотографијата која ја објави во понеделникот, 47-годишната дама е облечена во бел фустан без ракави со 2 златни и црни копчиња.
https://www.instagram.com/p/BXODgPCF3_2/?taken-by=flotus
Но, таа овој фустан не го носи првпат.
Меланија го промовираше овој аутфит уште во мај 2016-та, кога нејзиниот сопруг Доналд Трамп стана можен републикански кандидат за претседател.
За да не изгледа целосно исто, таа само го променила накитот и чевлите.
Мора да признаеме дека таа изгледа одлично без разлика колку пати ќе ја облече истата облека.
М. М. | Црнобело