Бијонсе и Џеј Зи плаќаат 6 дадилки за близнаците Руми и Сер
- Детали
- четврток, 27 јули 2017
Близнаците на Џеј Зи и Бијонсе се родија на средина на јуни, а парот веќе најмил 6 дадилки за да им помогнат со чувањето на децата во нивниот дом во Лос Анџелес.
Наводно секоја од нив ќе ја плаќаат по 100.000 долари годишно.
„Близнаците не спијат во исто време, па таа одлучи дека ѝ се потребни 3 дадилки за Сер и 3 за Руми, кои ќе работат во смени од по 8 часа.“ - изјавува изворот.
Парот исто така има 2 дадилки за нивната прва ќерка Блу Ајви, која има 5 години, а тоа значи дека вкупно семејството има 8 дадилки кои постојано излегуваат и влегуваат во нивниот дом, преку ден и ноќ.
Сепак, тие ќе имаат место за сите со оглед на тоа што наскоро ќе се преселат во огромна модерна палата со 8 спални соби, 11 бањи, 4 базени, игралиште за кошарка, студио за снимање и спа.
М. М. | Црнобело