Најубавите моменти од документарниот филм за принцезата Дијана
- Детали
- недела, 30 јули 2017
Дали го гледавте новиот документарен филм за принцезата Дијана? Принцот Вилијам и принцот Хари зборуваат за нивната сакана мајка во новиот документарец “Diana, Our Mother: Her Life and Legacy”.
Оваа година е 20-тата годишнина на смртта на принцезата, па нејзините синови дозволија камерите да фатат некои преубави моменти во кои ти се сеќаваат на животот на нивната мајка.
Резултатот е интимен портер на Дијана кој Вилијам и Хари сакаат да го пренесат на новите генерации.
Еве неколку нови работи кои ги научивме принцезата:
1. Таа обожавала шеги
Во документарецот принцот Вилијам опишува како мајка му го засрамила кога во нивниот дом ги донела супермоделите Криси Турлингтон, Синди Крафорд и Наоми Кемпбел. Тој веднаш поцрвенел во образите, незнаел што да каже и се сопнал по скалите.
Принцот Хари пак, вели дека кога се сеќава на неговата мајка ја замислува како таа се смее и цело време го слуша нејзинито смеење во неговата глава. Нејзиното мото било: „Биди палав колку сакаш, само не дозволувај да те фатат.“
2. Таа била вистинско дете во душа
Принцот Хари вели дека нивната мајка секогаш останала да биде дете во душа и дека таа била една од најпалавите родители кои тој ги знаел.
Токму со нејзината детска природа таа успеала да има толку многу пријатели и луѓето низ светот толку многу да ја засакаат. Принцезата била многу искрена и имала чиста душа како на мало дете.
3. Како била таа прикажана на нејзините внуци
Во документарецот Вилијам беше прашан како ја одржува меморијата на неговата мајка за да ја знаат и неговите деца. Тој одговорил дека често зборува за нивната баба Дијана, има многу слики од неа во куќата и дека пред спиење често им раскажува приказни за неа.
Тој вели дека сака неговите деца да знаат дека пред тоа имале две баби и дека некогаш таа постоела. Тој се шегува дека често замислува каква би вила принцезата како баба, дека би правела хаос низ куќата, би ги размрдувала децата и би правела многу сцени.
4. Нивниот последен телефонски разговор
Најтешкиот момент во документарниот филм е кога Хари и Вилијам за првпат јавно кажуваат за нивниот последен телефонски разговор со принцезата.
Тие тогаш биле на одмор со семејството на нивниот татко, и кога таа им се јавила од Париз, тие биле толку занесени во игра со нивните братучеди што едвај чекале да исклучат и да продолжат со играње.
Не се сеќаваат точно што зборувале, но се каат до денес за тоа колку краток бил разговорот. Тие велат дека секогаш ќе се каат што не разговарале подолго, затоа што истата ноќ нивната мајка починала.
5. Хари кажува какво било чувството да ја прегрне својата мајка
„Таа само би те прегрнала најсилно што може”, објаснува Хари во филмот. „Јас бев многу низок и немаше како да избегам од прегратка, едноставно кога ќе те прегрнеше немаше начин да избегаш, таму си додека таа сака да те држи.“
Дури и сега кога зборувам за тоа можам да ги почуствувам прегратките и ми недостасува тоа, ми недостасува тој дел од нашето семејство, да имам мајка и да ги добивам тие прегратки”.
6. Не била толку внесена во кралскиот живот
Таа донела одлука дека ќе се погрижи нејзините деца да имаат што е можно понормален живот. Ги носела да јадат бургери, ги носела во кино и ги возела во кабриолет. Принцот Вилијам вели дека таа разбирала добро што значи да се има живот надвор од кралската палата.
А. В. | Црнобело