Џеј Ло вчера го прослави роденденот заедно со Алекс Родригез во Мајами
- Детали
- понеделник, 24 јули 2017
Џенифер Лопез и нејзиното момче Алекс Родригез кои се заедно веќе неколку месеци, се родени во иста недела, па заедно ги прославија нивните родендени.
Денес, поп дивата полни 48 години, а вчера нејзиното момче направи забава во Мајами со која ја изненадил.
Неговиот 42-ри роденден е во четврток, но двајцата ги прославија родендените на забавата, заедно со членовите од семејствата, децата и уште 50-тина пријатели.
Џеј Ло изгледаше неверојатно во разголен мини црн фустан со неколкју парчиња кои ги покриваа „критичните“ делови од телото, додека Алекс се одлучил за едноставно сино одело и бела кошула, без додатоци.
Тие изгледа одлично се забавувале и уживале во вечерта, а за крај добиле и златно-бела торта со сребрени детали, на 6 спрата.
Погледнете ги фотките од забавата на заљубениот пар:
М. М. | Црнобело