Безвременската убавица Кристи Бринкли на 63 години позираше во костими за капење
- Детали
- среда, 19 јули 2017
Таа е безвременска убавица. Кристи Бринкли има 63 години, а изгледа како да има половина од тоа.
Кристи својата прекрасна фигура ја покажа во најновиот број на магазинот „Social life“.
Супер моделот има рамен стомак, тонирани нозе, сјајна кожа и беспрекорна насмевка.
Кристи се појавува во неколку костими за капење, а на една фотографија позира и гола скриена зад лист од палма.
Мајката на три деца има авантуристички дух и вели дека сака допрва да плови околу Грција и Сицилија, да научи да зборува одлично италијански јазик и да танцува хип хоп. Таа додава дека својот дом во Хемптонс обожава да го полни со свежо, органско цвеќе и на тој начин да внесе убавина, но не и хемикалии.
И покрај динамичното темпо на живот, Бринкли вели дека малите работи ја прават среќна, а на прво место семејството и пријателите. Убавицата зад себе има четири бракови.
С. С. | Црнобело