Сите парчиња накит со емотивно значење кои принцот Вилијам ѝ ги има подарено на Кејт

Како секој добар сопруг, принцот Вилијам ѝ подарува накит на Кејт Мидлтон за посебните прилики.

site-parcinja-nakit-so-emotivno-znacenje-koi-princot-vilijam-i-gi-ima-podareno-na-kejt-01.jpg

Со таа разлика што неговите подароци имаат вртоглаво високи цени.

Колку парчиња накит досега Вилијам ѝ има подарено на Кејт, но со емотивна приказна зад тој гест?

Прстенот на вечноста

Прв на листата е прстенот кој вклучува скапоцени камчиња гранат (нејзиниот скапоцен камен според месецот на раѓање) и бисери (скапоцениот камен на принцот Вилијам според месецот на раѓање). Тој ѝ го подарил уште на почетокот на врската, кога ништо не било официјализирано.

site-parcinja-nakit-so-emotivno-znacenje-koi-princot-vilijam-i-gi-ima-podareno-na-kejt-1.jpg

Вереничкиот прстен

Како што сите знаеме, прстенот ѝ припаѓал на принцезата Дијана. По смртта принцот Чарлс им дозволил на Вилијам и Хари да одберат по едно парче накит за спомен. Хари бил оној кој го одбрал прстенот, додека Вилијам го одбрал омилениот часовник на Дијана. Но, кога Вилијам решил дека ќе ја запроси Кејт, со Хари ги промениле парчињата накит.

site-parcinja-nakit-so-emotivno-znacenje-koi-princot-vilijam-i-gi-ima-podareno-na-kejt-2.jpg

Златната бурма

Изработена од злато од Велш, бурмата се нашла во рацете на Кејт неколку недели по запросувањето.

site-parcinja-nakit-so-emotivno-znacenje-koi-princot-vilijam-i-gi-ima-podareno-na-kejt-3.jpg

Обетките од сафир и дијаманти

Исто така сопственост на принцезата Дијана, но во 2011-та се најдоа во кутијата за накит на Кејт, со објаснување дека сега кога се венчани, Кејт заслужува да има комплет со вереничкиот прстен.

site-parcinja-nakit-so-emotivno-znacenje-koi-princot-vilijam-i-gi-ima-podareno-na-kejt-4.jpg

Обетките по повод Божиќ

За првиот Божиќ поминат како член на кралското семејство, Кејт добила обетки од дијаманти.

site-parcinja-nakit-so-emotivno-znacenje-koi-princot-vilijam-i-gi-ima-podareno-na-kejt-5.jpg

Cartier часовникот

За третата годишнина од бракот Вилијам на Кејт ѝ подари Cartier часовник во вредност од 6,500 долари. На него има е скапоцен камен сафир, за да ѝ одговара со вереничкиот прстен.

site-parcinja-nakit-so-emotivno-znacenje-koi-princot-vilijam-i-gi-ima-podareno-na-kejt-6.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кејт Мос (50) - пијана, Деми Мур (61) - без грам шминка: Фото докази дека и ѕвездите се само „обични... Кети Пери се шета во тренерки, бившиот на Џенифер Анистон си пие вино со новата ...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...
Хари беше претставен како зависник и нацист, а Вилијам беше златниот принц – Што ѝ претходеше на кав... Иако многумина ја обвинуваат Меган Маркл за влошените односи меѓу Вилијам и Хари...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Пред Вилијам била во врска со згоден правник – Каде е денес мажот што ѝ го украл срцето на Кејт Мидл... Пред да ја започне врската со принцот Вилијам Кејт Мидлтон била во врска со друг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg