Скандали од животот на Бијонсе, кои таа сигурно сака да бидат заборавени
- Детали
- четврток, 06 јули 2017
Сите имаат моменти и ситуации во животот од кои се срамат и посакуваат да заборават на нив, па така и славните личности, меѓу кои и Бијонсе.
Таа низ годините беше вмешана во многу скандали, а како поголеми ќе издвоиме неколку:
Поп дивата неколкупати беше обвинета за копирање на изгледот од други ѕвезди, како и за „отварање уста“ наместо пеење во живо на важни настапи, како инаугурацијата на претседателот Обама.
Нешто што и Бијонсе и Џеј Зи би сакале луѓето да го заборават е вистинскиот почеток на нивната врска. Официјалниот датум за почетокот на нивната врска е непознат, но се верува дека било во 1998, кога Бијонсе имала 17, а Џеј Зи 29 години.
Исто како поп иконата Џенет Џексон, пред неа, Бијонсе се соочи со „лизгање на брадавиците“, но не беше толку контроверзно, бидејќи не изгледаше како да е намерно.
Таткото на Бијонсе е нејзина најголема болна точка. Тој наводно беше вмешан во неколку афери додека беше во брак со мајката на пејачката, па таа често беше во кавги со нејзиниот татко.
Најголемиот и најизненадувачки скандал, беше кавгата што се случи во лифт на Мет Галата во 2014-та. Снимката од лифтот покажува како нејзината сестра, Соланж го напаѓа Џеј Зи. Ова наводно започнало поради озборувањата за неговото изневерување и флертување со некој вечерта.
Еден од најнеубавите моменти за Бијонсе беше тој кога се раширија гласини за нејзината лажна бременост. Многу луѓе веруваа дека Бијонсе најмила сурогат мајка за нејзината прва ќерка блу Ајви.
Овие теории и гласини луѓето почнаа уште повеќе да ги шират кога ѕвездата се појави во шоу, а нејзиното трудничко стомаче целосно се изместуваше и превиткуваше.
Дали се работи за фотошопирани фотографии, проблеми во семејството или некој друг скандал, Бијонсе има многу моменти кои посакува да бидат заборавени од фановите. Ова е исто така еден од нив:
М. М. | Црнобело