Единствена сведок фотографија
- Детали
- четврток, 03 јуни 2010
За веројатната романса меѓу Мерлин Монро и тогашниот претседател на САД – Џон Кенеди, се зборува до ден денес иако се поминати речиси 50...
...години по нивното “дружење“.
Сепак, како што знаете на негова роденденска забава Мерлин ја има отпеано секси верзијата на песната “Happy Birthday”, но заедничките фотографии кои ги имале како двојка, не постојат.
Овие денови се појавила единствената вистинска фотографија на која се снимени Мерлин и Кенеди на аукција, во друштво на Роберт Кенеди, братот на Џон.
Сите тројца несреќно ги загубиле животите. Браќата Кенеди се убиени, а Мерлинка го завршила својот живот по се уште неразјаснети околности.
Она што се знае официјално е дека зела преголема количина лекови за смирување, но која е позадината не се открива.