„Сум бил и со мажи и со жени“: Што откри Џерард Батлер за неговата сексуалната ориентација?

„Спиев со жени и со мажи, но не сум хомосексуалец. Јас дури и не знам што сум“, изјави Џерард Батлер во врска со неговата сексуална ориентација. Актерот е во врска со дизајнерката на ентериер Морган Браун, и тоа неколку години, но наводно не размислуваат за брак.

sum-bil-i-so-mazhi-i-so-zheni-shto-otkri-dzherard-batler-za-negovata-seksualnata-orientacija01.jpg

Иако „ја гази“ шестата деценија од животот, атрактивниот холивудски актер сè уште не се заколнал на вечна љубов. 

Џерард Батлер не само што важи за еден од најдобрите актери на денешницата, тој речиси секогаш е и на листата најзгодни мажи во светот.

sum-bil-i-so-mazhi-i-so-zheni-shto-otkri-dzherard-batler-za-negovata-seksualnata-orientacija-03.jpg

Актерот со години е во љубовна врска со дизајнерката на ентериер Морган Браун, но и покрај тоа што многумина сметаа дека тие ќе се венчаат, сепак тоа не се случи.

Извори блиски до актерот за медиумите тврдат дека наводно тој сè уште не е спремен на таков чекор.

„Џерард навистина ја сака, но не е подготвен да се обврзе. Работата и обврските порано стоеја на патот меѓу нив, но главно сега сè е во тоа што тој не сака да се ожени“, откри извор близок до актерот пред неколку години.

Признава дека бил интимен со мажи

Тоа што сè уште не се заколнал на вечна љубов донесе и низа шпекулации за сексуалната ориентација на Батлер.

Во 2009 година актерот даде контроверзна изјава во која признава дека имал интимни односи и со мажи.

sum-bil-i-so-mazhi-i-so-zheni-shto-otkri-dzherard-batler-za-negovata-seksualnata-orientacija-02.jpg

Но, откако наголемо почна да се дискутира за сексуалната ориентација на Батлер, тој реши повеќе да не зборува за својата интимност. И покрај неговата отвореност, тој открива дека неговата сексуалност често е искривена и преувеличена во јавноста.

„Зборувам за мојата сексуалност без срам, немам проблем со тоа, но секогаш има луѓе кои ја искривуваат. Секогаш кога зборувам за тоа, мене погрешно ме сфаќаат и се претерува“, изјави тогаш за магазинот Movieline и додаде дека верува дека не е хомосексуалец.

;

На прашањето дали е геј, актерот ја истакна сложеноста на оваа тема и одговори:

„Спиев со жени и со мажи, но не сум хомосексуалец. Јас дури и не знам што сум“.

„Сум бил во односи со жени. И со мажи. Тоа не ме прави геј личност. Тоа не ме прави стрејт личност.

Доволно е тешко да ги поминам сите овие работи во мојот ум, и без некој да ме испрашува за тоа, па има моменти кога сакаш да ја затвориш вратата и да кажеш дека твојата сексуалност е твоја лична работа“, рече Батлер.

В. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg