Ѕвезди познати по тоа што ги обожаваат своите облини
- Детали
- петок, 07 јули 2017
Модерното општество сè повеќе ја прифаќа телесната форма на песочен часовник, а тоа немаше да биде возможно без овие секси дами.
Во свет кога сè води кон „совршенство“, може да биде вистински предизвик да останете горди на своето тело, без разлика какво е тоа. Но благодарение на овие познати дами, нивната сила и дух, работите се менуваат.
Тие со начинот на кој ги носат своите облини станаа мета на зависни погледи ширум целиот свет.
Всушност ја вратија во мода самодовербата и на пиедесталот ја ставија љубовта кон своето тело.
Деми Ловато со години се бореше со нарушувања во исхраната, а потоа успеа да научи како да ги сака своите облини. Во 2015-та година во една Инстаграм објава таа напиша: „Научив да ги сакам своите облини. Јас всушност ги мразев нив, но тогаш една посебна личност ми помогна да научам како да ги сакам.“ Објавата се однесуваше на нејзиното тогашно момче.
Кога пејачката Ники Минаж го објави видеото за песната „Анаконда“, таа испрати моќна порака. „Сè што е означено како убаво во денешно време е многу слабо. Јас сакам да го сменам тоа и со ова видео сакам да покажам дека нема да ги кријам своите облини“.
Ким Кардашијан долго време ја испраќа пораката до светот: „Прегрнете ги своите облини и тоа што сте“.
И Адел неретко знае да изјави: „Никогаш не сакав да бидам како моделите од насловни страници. Јас го претставувам мнозинството на жени и горда сум на тоа“.
Погледнете кои се другите прекрасни жени горди на своите облини: