Модел со многу темна боја на кожа ги руши стандардите за убавина
- Детали
- вторник, 04 јули 2017
Нијаким Гатвеч е 24-годишна девојка од Судан која привлекува внимание со нејзината многу темна боја на кожа.
Нијаким не се срами од тоа што е и ги советува и другите да бидат храбри и решителни.
„Мојата чоколадна боја е елегантна. Го претставува мојот народ, народ кој се бори“, вели Нијаким, или „кралицата на темнината“, како што многумина ја нарекуваат.
Оваа девојка во минатото била исмејувана поради тоа што била многу темна. Ја нарекувале со погрдни имиња, а еднаш дури некој таксист ја советувал да ја обели кожата.
Денес, Нијаким добива повеќе од 10.000 лајкови на секоја фотографија на својот профил на Инстаграм.
Полека, но сигурно, чекори во модниот свет и притоа ги инспирира и другите девојки да целат кон своите соништа и да не дозволат другите да ги туркаат надолу, само затоа што се различни од она што е стандардно во општеството.