Серена Вилијамс направи интимна фотосесија со вереникот и трудничкото стомаче за Vanity Fair
- Детали
- среда, 28 јуни 2017
Серена Вилијамс моментално живее во бајка со својот вереник Алексис, очекувајќи го своето прво дете.
По тој повод, во прво лице ја раскажа својата животна и љубовна приказна за Vanity Fair, заедно со неколку интимни фотки, дело на Ени Лебовиц.
Вилијамс во интервјуто открива дека дознала за бременоста кратко пред Australian Open, каде победи.
Исто така, открива и дека ѝ биле потребни 6 тестови за бременост (сите позитивни) за да поверува дека навистина го очекува своето прво дете.
„Некој да ми кажеше минатиот октомври или ноември дека ќе имам бебе, не дека сум бремена, туку дека ќе имам бебе, ќе му кажев дека е најголемиот лажго на целиот свет,“ вели идната мајка.
Среќната двојка заедно со бебето во стомак позираше за Vanity Fair за месец август:
М. Д. | Црнобело