Семејството Обама минува незаборавен одмор на Бали (фото)
- Детали
- среда, 28 јуни 2017
Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Барак Обама, со своето семејство деновиве ужива во убавините на Бали.
Барак Обама со својата сопруга Мишел и нивните две ќерки Малиа и Саша во петокот пристигнаа на Островот на Боговите. Тие досега ги посетија: музејот за уметност Агунг Раи, оризовите тераси на Џатилувих и реката Ајунг.
Тие ќе поминат 10 дена во Индонезија со авантури вредни за паметење.
Семејството Обама веќе беше на рафтинг на реката Ајунг, а ден претходно го посетија селото Џатилувих во Табанан, прогласено за светско наследство на УНЕСКО.
Ова е уште едно од низата прекрасни патувања на семејството Обама, откако тие ја напуштија Белата Куќа во јануари.
Оваа посета на Индонезија има доза на носталгија за поранешниот претседател бидејќи тој се преселил во оваа земја на 6-годишна возраст, кога неговите родители се развеле и мајка му се омажила за маж од Индонезија.
Тој се вратил да живее на Хаваи со своите баба и дедо на 10 години.
С. С. | Црнобело