Ријана им предава математика на сиромашните деца од Малави
- Детали
- петок, 09 јуни 2017
Почетокот на годината за Ријана започна со посета на јужно источната африканска земја Малави од нејзината фондација „Clara Lionel“ како глобален амбасадор за глобалното заедништво за образование.
За време на нејзиното патување, пејачката ги разбрала многуте проблеми со кои оваа земја моментално се соочува, но еден од нив посебно допрел до неа - неможноста на децата од оваа земја да стекнат дури и основно образование.
Тука еден учител типично учи околу 100-ина деца во лошо изградени и импровизирани училници.
Само мал дел успеваат да го завршат образованието, а поголемиот дел заради сиромаштијата и неможностите, прекинуваат да учат.
„Штета што мораат да се откажат, бидејќи се многу паметни“ - вели Ријана во видео клипот.
„Би можеле да постигнат многу, ако имаат доволно ресурси да продолжат да учат и да го завршат образованието“ - додава.
Меѓу другото, Ријана зборува и за моќта на музиката:
Н. Г. | Црнобело