12 драстични трансформации на фризурите на славните дами во 2017
- Детали
- сабота, 10 јуни 2017
Ним не им е потребно ниту раскинување, ниту испукани врвови на косата, ниту молби од нивната стилистка конечно да направат драстична трансформација на изгледот.
Холивудските ѕвезди се свесни дека промените во изгледот се неопходни за да се задржи будно окото на публиката, па токму затоа без многу размислување се одлучуваат за драстични трансформации на фризурата.
Седнуваат на фризерското столче и забавата може да започне!
Со сите промени кои пристигнаа на црвениот тепих на најразлични светски манифестации слободно можеме да кажеме дека 2017 беше година на промените. Кети Пери и Кајли Џенер се веќе добро познати камелеони кога е косата во прашање, но годинава им се придружија и низа други познати дами.
Некои ставија екстензии во косата, други направија момчешки фризури, а трети се одлучија за бојадисување на косата во храбра нијанса.
Погледнете ги највпечатливите промени од 2017 година на Ким Кардашијан, Бела Хадид, Селена Гомез, Зое Кравиц, Кајли Џенер, Ванеса Хаџенс, Карли Клос, Кара Делавињ, Алисон Вилијамс, Кејти Пери, Деми Ловато и Кристен Стјуарт:
С. С. | Црнобело