Таинствената Амелија е најубавиот член на британското кралско семејство (фото)
- Детали
- четврток, 08 јуни 2017
За момент, заборавете на Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ и Меган Маркл и концентрирајте се на еден помалку познат член на британското кралско семејство.
Ненаметливо и сосема суптилно, 21-годишната Леди Амелија Виндзор е прогласена за најубавиот член на кралското семејство, а сигурни сме дека ниту знаете која е оваа млада девојка...
Леди Амелија е ќерка на Др. Силвана Томасели и ерлот од Сент Ендрус, Џорџ Виндзор, кој е најстариот син на принцот Едвард, војводата од Кент - прв братучед на кралицата Елизабета.
Прекрасната Амелија е 36-та по ред, наследничка на британскиот престол, но број еден кога е во прашање убавината.
Студентката од Универзитетот во Единбург е модел кој се појавува на модната недела во Париз, на ревиите на „Dolce&Gabbana“ и „Penelope Chilvers“ и е прогласена за најдобро облечен млад член на кралското семејство.
Леди Амелија ја красат класична, елегантна и по малку, етерична, убавина, а во своите ретки појавувања пред јавноста, таа привлекува со неконвенционалниот начин на облекување:
Н. Г. | Црнобело