Кети Пери настапи во фустан со фотографии од жртвите во Манчестер
- Детали
- понеделник, 05 јуни 2017
Кети Пери даде сосема ново значење на изреката „дел од мене“.
На хуманитарниот концерт на Аријана Гранде во чест на загинатите од нападот во Манчестер, додека настапуваше, на себе носеше фустан направен од фотографиите на оние кои го изгубиле животот на 22-ри мај оваа година.
https://twitter.com/FreddyAmazin/status/871471749644247041
„Почестена и понизна сум што имам можност да бидам тука покрај вас, да ја споделам и раширам љубовта“ - изјави пејачката.
„Љубовта победува над стравот и љубовта победува над омразата, а таа љубов ни дава сила и е извор на нашата најголема моќ“ - продолжи.
Погледнете го настапот:
https://www.youtube.com/watch?v=1WJQLKFeuns
А, потоа и како изгледаше нејзиниот фустан:
Н. Г. | Црнобело