10 филмски улоги за кои се „испотепале“ холивудските актери
- Детали
- недела, 04 јуни 2017
Талентот за глума понекогаш не е доволен за успех. Токму квалитетните филмови и добрите филмски улоги може да ја создадат или да ја скршат кариерата на еден актер.
А во Холивуд има многу и од едните и од другите, и актери и улоги. Но, конкретно за овие 10 филмски ролји имало толку голем интерес што аудициите прераснале во еден вид натпревар.
Кои се улогите од соништата и среќниците кои ги добиле?
Улогата на младиот Хан Соло во новите продолженија на „Star Wars“
Кога продуцентските куќи Lucasfilm и Disney објавија дека ќе прават нови продолженија на сагата „Star Wars“ вклучувајќи ја улогата на Хан Соло во помлади години, во Холивуд настанал вистински хаос.
Редицата за аудиција се протегала до недоглед исполнета со млади актери во 20-тите години. Над 2.500 актери се обиделе да ја добијат оваа улога, меѓу кои Мајлс Телер (Whiplash), Ансел Елгорт (The Fault in Our Stars) и Зак Ефрон (Neighbors), додека конечниот избор не паднал на симпатичниот Алден Еренрајх (Hail, Caesar!).
Премиерата на новото продолжение на „Star Wars“ се очекува во 2018 година.
Улогата на „Wonder Woman“
Холивуд се обидуваше неколку децении да ја оживее култната Чудесна жена од стриповите. Во текот на годините Сандра Булок, Кристина Хендрикс (црвенокосата од Mad Men), поранешната Бонд девојка – Олга Кириленко, како и Кејти Холмс, сите пројавија огромен интерес за улогата.
На крајот, кастинг директорот јасно ги кажал предиспозициите за улогата: висока, бринета, атлетски градена и со егзотичен изглед. Кога улогата ја доби прекрасната израелска актерка Гал Гадо никој немаше забелешки.
Премиерата на филмот е закажана на 2 јуни, 2017.
Улогата на Скарлет О’Хара во „Gone with the Wind“
Студиото MGM потрошило 2 години испраќајки 1.400 актерки на аудиција кои би биле соодветни за ликот на мелодраматичната Скарлет во „Одвеано со виорот“.
Сите големи ѕвезди и култни имиња во таа филмска епоха си ја испробале среќата, почнувајќи од Кетрин Хепберн, Бети Дејвис, Полет Годар и Џоан Крафорд.
Сепак, улогата на големо изнендување ја добила (тогаш) прилично анонимната британска актерка Вивиен Ли, оживувајќи еден од омилените американски ликови на филмското платно.
Улогата во „Џејмс Бонд“
Дали знаете дека во Велика Британија може да се обложите на актерот кој сметате дека ќе биде следниот Џејмс Бонд и добро да заработите?
Последниот сé уште актуелен г. Бонд со дури 4 филмови од франшизата е Даниел Крејг, а во текот на годините еве кои актери пројавиле огромен интерес за портретирање на омилениот агент: Мајкл Кејн, Лиам Нисон, Ралф Фајнс, Колин Фирт и Клајв Овен.
Даниел Крејг сé уште нема потврдено дали по петти пат ќе ја репризира улогата на Џејмс Бонд на филмото платно, а во меѓувреме се шушкаат имињата на Идриз Елба, Том Хидлстон и Демиен Луис како потенцијална замена.
Улогите на Кристијан Греј и Анастасија Стил во „Fifty Shades of Grey“
Обожавателите на „50 нијанси сиво“ особено лобираале да ги видат Мет Бомер (Magic Mike), Алексис Бледел (Gilmore Girls) и Иан Сомерхалдер (The Vampire Diaries) во двете главни улоги.
Шајлин Вудли исто така била фаворит за улогата на Анастасија, но таа морала да се посвети ан снимањето на серијалот Divergent.
Алисија Викандер (The Danish Girl), Александер Скарсгард (True Blood), моделот Кара Делевин, како и актерката Фелисити Џоунс (Rogue One) исто така биле под лупа за улогите во големиот хит.
На крајот, изненадувачки улогата на Кристијан Греј ја добил Чарли Ханам (Sons of Anarchy), но подоцна се откажал препуштајќи му го местото на ирскиот актер Џејми Дорнан, додека Дакота Џонсон ја доби спротивната главна женска улога.
Улогата на Хари Потер во истоимениот филм
Над 40.000 дечиња ги испратиле своите видео материјали за улогата на малиот волшебник. Согласно барањата на авторката Џ.К.Роулинг момчето морало да биде Англичанец, па првиот извор на режисерот за Лиам Ејкен (Stepmom) отпаднал.
Сепак, многу млади американски актери пројавиле интерес, како Хејли Џоел Осмент, ѕвездата на филмот Sixth Sense, како и малечкото детенце од Jerry Maguire – Џонатан Липники.
Сепак, може ли да замислите некој друг во улогата на Хари Потер освен Даниел Редклиф?
Улогата на Кларис Стерлинг во „Silence of the Lambs“
Кога мислите на психолошки трилер веројатно прв филм кој ви паѓа на памет е „Кога јагнињата ќе стивнат“ со Џоди Фостер и Ентони Хопкинс во главните улоги.
Џоди Фостер силно лобирала да ја добие посакуваната улога, но не била ниту на листата актерки кои биле разгледувани.
Мишел Фајфер била првиот избор која ја одбила улогата, па Мег Рајан, Лора Дерн и уште многу други.
На крајот улогата сепак ѝ припаднала на Џоди Фостер која му даде вистински печат на филмот освојувајќи Оскар за главна женска улога во 1992 година.
Улогата на Кетнис Евердин во „Hunger Games “
„Играта на гладните“ ги направи гладни сите млади актерски во Холивуд за улогата на Кетнис Евердин.
Многу актерки биле разгледувани како потенцијални опции: Емили Браунинг (Sucker Punch), Саорис Ронан (Hanna), Шајлин Вудли (Divergent), Абигејл Бреслин (Little Miss Sunshine) и Хејли Сејнфилд (True Grit).
Улогата на крајот ја добила Џенифер Лоренс.
Улогата на Ејми Дан во „Gone Girl“
Секој кој ја прочитал напнатата книга „Ејми ја нема“ веројатно си го замислил ликот на Ејми, а овие холивудски актерки го сториле истото: Натали Портман, Шарлиз Терон и Оливија Вајлд.
Иако интересот бил преголем, главната улога ја однесе Розамунд Пајк и изборот не можеше да биде подобар.
Улогата на Вивиен во „Pretty Woman“
Култната улога во уште покултен филм. Која ќе ја глуми Убавата жена, било прашањето кое си го поставувале сите. Улогата првично ѝ била понудена на Мег Рајан, која сепак ја одбила поради зафатениот распоред.
Мишел Фајфер и Дерил Хана исто така биле разгледани како потенцијални опции, сé додека изборот не се стеснил на Џулија Робертс која глумеше заедно со Ричард Гир создавајќи неповторлива филмска класика.
(О)Милена | Црнобело