Какви тајни криеле првите дами на САД?
- Детали
- вторник, 30 мај 2017
Претседателот и првата дама на САД, Доналд и Меланија Трамп, будно ги следат не само новинарите, туку светската јавност.
Откако Трамп стана претседател Меланија беше критикувана затоа што се има појавено гола во списание:
Исто така, што во друго списание се има појавено како „јаде“ дијаманти:
Па, и дека го копирала говорот на Мишел Обама.
Но, Меланија не е единствената прва дама на САД која носи зад себе некаков скандал или тајна:
Ненси Реган го живеела животот според астрологијата
Ненси за сите одлуки кои ги носела, се потпирала на астрологијата, а кога јавноста открила за ова, сите блиски советници на претседателот биле исмеваме и критикувани што дозволиле државните одлуки да бидат одредени и од астрологијата.
Бети Форд била алкохоличар
Бети за време на претседателската кампања, била критикувана што веќе била претходно разведена, а за време на претседателството на Џералд Реган имала проблеми со алкохолот заради кој се пријавила на рехабилитација.
Џеки Кенеди била тежок пушач
Џеки Кенеди како и секоја друга жена во нејзиниот период, постојано била со цигари во рака, а фотографите на Белата Куќа имале забрана да ја фотографираат со цигара во раце.
Едит Вилсон
Откако претседателот Вилсон добил мозочен удар во 1919-та година, Едит била таа која раководела со земјата, сè додека состојбата на нејзиниот сопруг не се стабилизирала.
Хелен Херон добила мозочен удар и морала повторно да учи да зборува
Во 1909-та година Нели добила мозочен удар, а нејзините четири сестри ѝ помогнале повторно да научи да зборува.
Мери Линколн била зависна од шопинг
Мери користела државни пари за да ги задоволи своите луксузни потреби.
Н. Г. | Црнобело