Ѕвезди кои не се опседнати да живеат во луксуз
- Детали
- вторник, 30 мај 2017
Обично славните ги гледаме во скапи ресторани, опкружени со обезбедување, како влегуваат во скапи автомобили, облечени во парчиња облека направена по нивни мерки и вкус...
Сепак, има и тотална спротивност на нив – ѕвезди кои не се оптоварени со тоа каков автомобил возат, купуваат од пазар и се возат во метро.
Џенифер Лоренс
Русокосата актерка во една прилика била забележана во постар модел на Volkswagen Eos. И додека се вози во просечен автомобил нејзината фондација донира 2 милиони долари за детска клиника.
Кијану Ривс
90% од неговите приходи од Матрикс ги донирал, преферира да живее во изнајмено станче или хотел и да се вози со метро.
Сара Џесика Паркер
Спротивно на онаа слика која ја имаме, Сара Џесика Паркер им шие облека на своите ќерки наместо да им купува, и не се плаши да оди до локалниот супермаркет или пазар сама.
Кејт Мидлтон
Веќе неколку години наназад сме воодушевени од приземноста на Кејт Мидлтон, барем кога се работи за стилот и облеката. Рециклирањето на едно исто парче е нејзин заштитен знак, а фустаните многу често ѝ се од продавници кои секој може да си ги дозволи, како на пример Zara.
Џенифер Гарнер
Џенифер успешно го комбинира статусот на холивудска ѕвезда и посветена домаќинка. Гарнер често ќе ја видите како пазари по локални маркети, додека од друга страна 10 години голем дел од парите ѝ одат во фонд за спасување на децата.
Рис Витерспун
Уште една актерка која знае што е финансиска дисциплина.
Џесика Алба
Убавица која досега има стекнато огромно богатство, но и понатаму може да ја видите на опуштени прошетки без телохранители и користење на метро.
М. Д. | Црнобело