Како изгледа новиот „замок“ на Кајли Џенер? (фото)
- Детали
- вторник, 30 мај 2017
Мислите дека вие плаќате прескапи кирии? Кајли Џенер плаќа 125 илјади долари месечно за инајмување на својот „моментален“ дом.
Се чини дека 125 милиони долари вредниот „замок“ на Кајли Џенер не е сосема модерен. Ријалити ѕвездата во моментов изнајмува друг „замок“ сместен во Беверли Хилс, додека нејзиниот дом се реновира.
Новиот замокк се проценува на вредност од 35 милиони долари. Кајли Џенер плаќа околу 125.000 долари месечно за изнајмување на куќата која поседува пет спални соби и седум бањи.
Во вистински Кардашијан/Џенер стил, на цената на домот кој се изнајмува може да им конкурираат само најскапите хотели. Со тениско игралиште, базен, кујна со професионален готвач, библиотека, кино, винарска визба, мини-голф, приватно лозје и панорамски поглед на градот.
Домот со сигурност ги задоволува стандардите на Џенер, а како изгледа можете да погледнете во продолжение.
С. У. | Црнобело