Славни жени со најмногу екс-партнери
- Детали
- петок, 12 мај 2017
Тие се убави, богати и славни, а покрај мноштвото обожаватели, имаат и долг список на поранешни љубови. За дел од нив, можеби и ќе се изненадите од бројката.
Ниту го промовираме, ниту, пак, критикуваме интензивното менување на емоционалните партнери. Сепак, со оглед на тоа што љубовниот живот на славните личности е постојано изложен пред очите и судот на јавноста, веројатно ќе ве заинтересира и ваквата статистика помеѓу ѕвездите во Холивуд.
Како и сите други жени, така и познатите дами се соочуваат со бројни проблеми и предизвици во односите со партнерот. Можеби во прашање е лоша среќа во љубовта, или, пак, едноставно потреба за промени, но факт е дека ним навистина често им се случуваат прекини на браковите и врските.
Бидејќи новинарите и папараците будно го следат секој нивен чекор, не е тешко да се идентификуваат и пребројат повеќето екс партнери на славните женски ѕвезди. Токму тоа го направија од порталот The Richest, составувајќи го списокот со 15 познати имиња од шоу-бизнисот.
Рангирањето е направено само врз основа на нивните официјално признати и потврдени врски, а изгледа вака:
15. Скарлет Јохансон – 13
14. Џенифер Лопез – 13
13. Џенифер Анистон – 13
12. Teјлор Свифт – 13
11. Ема Вотсон – 14
10. Кети Пери – 16
9. Рита Ора – 17
8. Камерон Диjаз – 23
7. Ким Кардашијан – 24
6. Бритни Спирс – 25
5. Винона Рајдер – 25
4. Ријана – 26
3. Мадона – 32
2. Парис Хилтон – 53
1. Линдзи Лохан – 76
М. А. | Црнобело