Што се случи со Дарла од „Малите палавковци“?
- Детали
- понеделник, 08 мај 2017
Британи Аштон Холмс е вистинското име на малата Дарла од филмот „Малите палавковци“ во кој ни остави неодоливо добар впечаток. Сега е веќе возрасна, но од премиерата на филмот во 1994 година изгубивме секаква трага од неа.
Еве што правеше Дарла во изминатите години:
Се појавила во еротска драма
На само 6 години таа имала мала улога во еротска драма „Red Shoe Diaries“. Драмата била во една од попознати забавни серии за возрасни во `90-тите. Појавувањето на ова слатко девојче во ваква драма било строго осудувано од јавноста.
Снимила McDonald's реклама
Во 1995 година таа глумела во McDonald's реклама како со нејзиното семејство уживаат во храната на McDonald's и се радува на играчките.
https://www.youtube.com/watch?v=VAAYXCsWj5o
Глумела во хорор филм па се откажала од глумење
Играла мала улога во хорор филмот „Humanoids From the Deep“. Филмот бил со низок буџет и не многу голем успех. Потоа имала уште две мали улоги во филмовите „Inhumanoid“ и „Death Benefit“ после кои се откажала од актерската кариера.
Имала „Photobucket“ профил
Пред Инстаграм и Фејсбук постоеше „Photobucket“, социјална мрежа на која се споделуваа фотографии. Таа споделувала многу фотографии од себе и нејзините пријатели како се забавуваат.
Учела политички науки
Според едно американско списание таа студирала на факултет за политички науки. Во 2014 година стапила во брак и се фокусирала на нејзината кариера во тоа поле.
Што мисли денес за „Малите палавковци“?
Таа на нејзиниот MySpace профил еднаш изјавија: „Бев актерка кога бев мала и глумев во филмот „Малите палавковци“. Многу ми е срам да се гледам и несакам да глумам повеќе.“
Се појави на постерот за 20-годишнината од филмот
Таа сепак се појавила на забавата по повод 20-годишнината од филмот. Веќе не толку малите палавковци на фотографијата имаат над 20 години. Тоа било во 2014 година по што повторно и е изгубен трагот.
А. В. | Црнобело