Славни личности кои заборавивте дека беа најдобри пријатели

Некогаш најдобри пријатели, денес најголеми непријатели. Очигледно во светот на познатите сé има рок на траење – како убавината, така и љубовта и пријателството.

Slavni-licnosti-koi-zaboravite-deka-bea-najdobri-prijateli-01.jpg

Денес тие вешто се одбегнуваат на настаните каде што се појавуваат или водат војни на социјалните мрежи како Инстаграм и Твитер.

На крајот од денот сфаќаме дека и славните се луѓе кои имаа поранешни пријатели кои не ги поднесуваат и им одат на нерви.

Еве дел од најголемите славни пријателства кои се распаднаа со текот на времето:

Ким Кардашијан и Парис Хилтон

Постоеше време кога Парис Хилтон деше далеку попозната од анонимната Ким Кардашијан. Денес работите се обратно поставени.

Парис Хилтон беше на врвот на твојата т.н. кариера со реалното шоу „The Simple Life“, а Ким беше само спореден лик во целата приказна. Но, ситуацијата ескалираше кога во 2009 година кланот Кардашијан ја доживеа премиерата на сопственото тв шоу кое сé уште се емитува – „Keeping Up With the Kardashians“, протече секс-снимката на Ким и таа го презеде тронот на најпребарувана личност на Google.

Хилтон изјави дека задникот на Ким ја потсетува на „сирење во вреќа за ѓубре“, а кога ја запрашале дали смета дека нејзината слава е веќе одамна помината работа, Парис едноставно станала и заминала од интервјуто.

Slavni-licnosti-koi-zaboravite-deka-bea-najdobri-prijateli-02.jpg

Тејлор Свифт и Кети Пери

Во периодот од 2009 до 2011 година Кети и Тејлор беа многу блиски. Иако се шушкаше дека главната причина за кавга е пејачот Џон Мејер (со кого и двете се состануваа), сепак во интервју за магазинот Ролинг Стоун во 2014 год. Тејлор изјавила дека кавгата не е за момче, туку е стриктно професионална.

Имено, тие не зборуваат повеќе заради професионални танчери кои ја напуштиле порано турнејата на Тејлор за да отидат и да танцуваат за Кети Пери.

Воедно, се шпекулира дека инспирацијата за големиот хит на Тејлор „Bad Blood“ била токму поранешната најдобра другарка Кети Пери.

Slavni-licnosti-koi-zaboravite-deka-bea-najdobri-prijateli-03.jpg

Гвинет Палтроу и Винона Рајдер

Во текот на ’90-тите години двете се состануваа со Бен Афлек и Мет Дејмон и станале прилично блиски пријателки после тоа. Озборувачите велат дека причината за кавгата е добивањето на главната улога во филмот „Shakespeare in Love “ од страна на Гвинет Палтроу за која доби и Оскар.

Во интервју Палтроу изјавила дека не ја видела Винона со години, а кога ја запрашале дали навистина ѝ ја украла улогата во филмот Вљубениот Шекспир таа рекла дека тоа е само урбан мит и се колне дека не е вистина.

Slavni-licnosti-koi-zaboravite-deka-bea-najdobri-prijateli-04.jpg

Мадона и Гвинет Палтроу

Љубовта кон фитнесот и истиот личен тренер за вежбање Трејси Андерсон е она што ги поврза Мадон и Гвинет. Двете воедно биле многу блиски со Трејси.

Драмата започнала во 2011 година кога Мадона решила да не ги користи повеќе услугите на фитнес тренерот, а Палтроу се разлутила.

Таа подоцна изјавила дека другарството со некои луѓе те исцрпува и те остава со чувство на пониженост. Нормално дека изјавата се однесувала на поранешната пријателка Мадона.

Slavni-licnosti-koi-zaboravite-deka-bea-najdobri-prijateli-05.jpg

Кевин Смит и Бен Афлек

Во 1995 година тие заедно го создадоа култниот филм „Mallrats“. Креативното партнерство помеѓу Бен Афлек и кевин Смит траеше со години, низ филмовите „Dogma“ и „Chasing Amy“.

Пријателството завршило ненадејно кога Бен Афлек започнал да се гледа со Џенифер Гарнер во 2004 година.

10 години подоцна кога го запрашале Кевин Смит дали смета дека Бен Афлек ќе се снајде во улогата на Бетмен, тој одговорил: „Одлично прашање. Не знам, бидејќи не сме повеќе блиски. Не сум близок со него повеќе од една деценија. Тоа е стариот Бен. Сега има жена на која не ѝ е гајле за мене. Плус, искрено, веројатно и нему не му е воопшто гајле за мене“.

Slavni-licnosti-koi-zaboravite-deka-bea-najdobri-prijateli-06.jpg

Парис Хилтон и Никол Ричи

Парис и Никол беа најдобри пријателки и дел од реалното шоу „The Simple Life“. Но, на пријателскиот пат се испречија љубомората за медиумско внимание, повредени чувства и огорченост.

Во 2005 година во интервју за списанието „People“ Парис изјавила дека не е тајна дека не се повеќе пријателки со Никол. „Таа знае што направи и нема да кажам ништо повеќе во врска со тоа“.

Сепак, десетина години подоцна се чини дека работите се смирија. Иако никогаш повторно не се здружија, Никол изјавила: „Не сум зборувала одамна со Париз, но ние сме многу добри пријателки. Ја сакам неа и нејзиното семејство и многу ја почитувам“.

Slavni-licnosti-koi-zaboravite-deka-bea-najdobri-prijateli-07.jpg

Мајли Сајрус и Деми Ловато

Поранешните ѕвезди на студиото Дизни биле најдобри пријателки додека растеле заедно под будното око на камерите и јавноста. Но, некаде помеѓу 2013 и 2014 година тие едноставно ставија точка на другарството од детството.

Ловато подоцна изјавила дека животот е таков и дека луѓето се менуваат. „Немам ништо повеќе заедничко со неа, но ѝ посакувам сé најдобро“, мислејќи на поранешната другарка Мајли.

Slavni-licnosti-koi-zaboravite-deka-bea-najdobri-prijateli-08.jpg

Елтон Џон и Џорџ Мајкл

Сер Елтон Џон го изјавил следното за поранешниот, сега веќе покоен пријател, Џорџ Мајкл: „Тој е сосема среќен постојано седејќи дома, а јас мислам дека тоа е залудно трошење на неговиот талент. Изгледа дека е длабоко несреќен во животот, а тоа се рефлектира во неговиот последен албум“.

Лутиот Џорџ Мајкл објавил отворено писмо со изјавата за себе во трето лице: „Елтон Џон не знае ништо за Џорџ Мајкл“.

Slavni-licnosti-koi-zaboravite-deka-bea-najdobri-prijateli-09.jpg

 (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
14 најубави парови кои издоминираа на Оскари 2024 и забавата по доделувањето (фото) Марго Роби во тоалета како песочен часовник, со природна фризура и шминка позира...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Познати личности од раните 2000-ти кои заборавивме дека постојат Се сеќавате на Тејлор Лотнер кој го глумеше Џејкоб во серијалот Twilight? Се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg