Што правеле најуспешните жени кога имале само 20 години?
- Детали
- петок, 05 мај 2017
Никој од нас не може уште на почетокот на својот живот да знае која е неговата цел, што ќе се случи и како професионално ќе се развива.
Постојат многу примери за жени кои своите таленти ги откриле откако поминале многу години.
А, што правеле тие жени во нивните 20-ти години?
Џ. К. Роулинг
Животната приказна на Роулинг доби легендарен статус. Во нејзините 20-ти, Роулинг била самохрана мајка, разведена, сиромашна, клинички депресивна и тагувала за смртта на нејзината мајка. За среќа, решение за депресијата нашла во пишувањето.
Џулија Чајлд
Во нејзините 20-ти, Чајлд пробала да се вклучи во Women's Army Corps за време на втората светска војна, но била одбиена, бидејќи била премногу висока. Конечно станала дактилограф за OSS и американски шпион во Франција. Таму, на 36 години научила да готви.
Џуди Блум
20-тите години од својот живот ги поминала воспитувајќи деца, завршувајќи факултет и во првиот брак. Нејзината прва книга била објавена кога таа имала 31 година.
Тина Феј
Да бидете жена комичар, не е лесна работа, а Тина тоа многу добро го знаела. Пред да стане еден од најпознатите комичари на денешницата, таа работела на многу чудни места и имала многу чудни работни задачи.
Мајка Тереза
Уште од својата младост знаела дека нејзиниот живот ќе биде поврзан со религијата, но својата мисионерска работа ја започнала откако наполнила 36 години.
Луиза Меј Алкот
Како и повеќето женски писатели од минатото, Алкот морала прво да ги порасне своите деца пред да може да се концентрира на пишувањето, а првата и нејзина најважна книга, „Мали жени“, бија објавена кога таа имала 36 години.
Опра Винфри
Моментално е една од најбогатите и највлијателни жени во светот, но на 23-ти била отпуштена од нејзината прва работа како водител.
Н. Г. | Црнобело