Џими Кимел го расплака светот: Мојот син имаше операција на отворено срце (видео)
- Детали
- вторник, 02 мај 2017
Џими Кимел и неговата сопруга, Моли Мекнирни, го прославија пристигнувањето на својот син Вилијам Џон на 21-ви април 2017-та година, но нивната радост, многу брзо била прекината.
Били, како што тие го нарекуваат нагалено, се родил со сериозен дефект на срцето кој барал итна операција на отворено срце само 3 дена откако се родил.
За среќа, операцијата завршува добро, а траумата која ја доживеало семејството, Кимел ја раскажа во своето шоу.
„Мојата сопруга се релаксираше во кревет кога една внимателна медицинска сестра во болницата Cedars-Sinai... го прегледуваше син ми и слушна шум во неговото срце кое не е невообичаен кај новороденчиња“ - објаснува Кимел.
„Но, исто така, забележа дека е малку модар, што не е нормално“ - додава.
Во часовите кои следеле потоа, родителите на Били разбрале дека има „празнина во ѕидот на левата и десната страна на неговото срце, заради која не добивал доволно кислород во срцето“.
49-годишниот Џими Кимел, откри дека првата операција завршува успешно, но го чекаат уште неколку операции кога ќе порасне.
Преслушајте го целиот емотивен говор:
Н. Г. | Црнобело