Ѕвезди кои биле во насилни љубовни врски, но успешно излегле од нив
- Детали
- четврток, 27 април 2017
Насилството и насилниците не бираат жртва, за жал. Многу од ѕвездите исто така биле жртви на насилство од своите љубовни партнери, но за среќа успеале да се извлечат без последици.
Нека послужат како мотивација и инспирација за сите кои се чувствуваат злоупотребено на било каков начин во врската:
Хали Бери
Хали Бери дури тврди дека бившиот еднаш ја удрил толку силно, што и го оштетил слухот на левото уво. За среќа, врската завршила набрзо.
Ким Кардашијан
Ријалити ѕвездата тврдеше дека нејзиниот поранешен сопруг Дејмон Томас станал насилен само неколку месеци откако се венчале во 2000-та година. При разводот токму заканите кон неа и нејзиното семејство ги посочила како главни причини.
Мадона
Мадона се венчаше со Шон Пен во 1985-та година, а неколку години подоцна тврдеше дека актерот бил насилен со неа. По тужбите за домашно насилство, се разведоа во 1989-та.
Мараја Кери
Во 2009-та Мараја за првпат јавно зборуваше за менталното и емоционално насилство со кое се соочила додека била во брак со Томи Мотола. Нивниот брак почнал во 1993-та, а завршил само 5 години подоцна.
Сара Хајланд
Ѕвездата од „Modern Family“ побарала забрана за доближување од страна на нејзиното поранешно момче, кое тврди дека емотивно ја злоупотребувал и малтретирал, што почнала да се плаши за својот живот.
Ријана
Веќе добро ја знаеме насилната приказна на Ријана која во 2009-та беше буквално претепана од Крис Браун.
М. Д. | Црнобело