Кои се најомилените, а кои најомразените ѕвезди на Инстаграм?
- Детали
- понеделник, 01 мај 2017
Што мислите, кого го поддржуваме најмногу, а кого најмалку на популарната социјална мрежа? Подгответе се да бидете изненадени.
Крис Џенер е дама со бројни називи – ѕвезда на реално шоу, кул мајка, пријателка, партнерка, деловна жена, понекогаш дури и модна икона – а сега на тој список може да се додаде и епитетот „најсакана личност на Инстаграм“.
На веб-страницата AreaVibes беа објавени топ листите на најомилените, односно најомразените личности на Инстаграм, по претходно спроведеното истражување на статистиките на социјалната мрежа.
Рангирањето е направено врз основа на бројот на лајкови, но и на општиот позитивен или негативен тон во коментарите од корисниците. Со други зборови, што повеќе позитивни коментари има некоја ѕвезда, толку повеќе ја сакаат слебдениците и обратно.
Гордата мајка Крис Џенер се најде на самиот врв на листата на „позитивци“, а по неа следуваат актерот Вин Дизел на второто, односно кошаркарот Леброн Џејмс на третото место. Џеј Ло се смести на четвртата позиција, а Клое Кардашијан, пак, на петтата. Десеттото место го зазема Лејди Гага.
Најмногу лајкови во просек по објава, како што може и да претпоставите, има новокрунисаната кралица на Инстаграм, Селена Гомез. Веднаш по неа, на второто место е аргентинскиот фудбалер Лео Меси, па Тејлор Свифт која е трета, а Кендал Џенер е четвртата ѕвезда на оваа листа. И нејзината сестра Кајли Џенер се најде на високото шесто место, а меѓу нив е и Кристијано Роналдо како петти. Пејачот од групата One Direction, Хери Стајлс е седми, Бијонсе - осма, додека старлетата Ким Кардашијан заврши на 10-тата позиција.
Титулата за најомразен лик, пак, му припадна на Ден Билзеријан, контроверзниот плејбој и самопрогласен „крал на Инстаграм“. Друштво на врвот му прави Кортни Кардашијан како втора, по неа е манекенката Кара Делевињ, а потоа и поп-пејачките Мајли Сајрус и Кети Пери. Во топ десетте славни личности со најмногу „хејтерски“ коментари се вбројуваат и сопругот на Кортни, Скот Дисик (6), раперот Дрејк (7), и одново сестрите Кендал (8) и Кајли Џенер (9), кои добиваат лајкови, но не и доволно зборови со поддршка на своите профили.
Сакани или мразени, не може, а да не забележиме дека кланот Кардашијан-Џенер си доминира на секоја од листите.
Имате ли вие своја омилена ѕвезда на Инстаграм?
М. А. | Црнобело