Утринската рутина на Кајли Џенер
- Детали
- среда, 19 април 2017
Кајли Џенер е новата ѕвезда со армија фанови и цела козметичка империја. Кога во едно интервју ја прашале што прави првите час-два откако ќе се разбуди, односно како и почнува денот, била прилично детална.
Открила дека во последно време сака да поспива подолго, но обично станува околу 8 часот.
Откако ќе стане има ритуал за шминкање кој трае околу 45 минути.
„Мојата соба за шминкање е полна со козметички производи, но ретко ги користам сите, бидејќи имам само неколку омилени.“
Откако нејзиното лице ќе биде средено, Кајли појадува.
Најчесто прави јајца, ориз и колбас. Се расонува со дупло еспресо со малку бадемово млеко.
„Потоа ги читам сите пораки. Обично имам еден куп, бидејќи моето семејство е големо и имаме долг семеен чет. Едниот е само со моите 3 постари сестри, Кендал и мајка ми, друг е плус со Скот, третиот е посебен за со Роб.
Следи проверката на Инстаграм. Понекогаш одам на YouTube и проверувам видеа со мислења за мојата козметичка куќа, само да откријам како можам да се подобрам. Некои луѓе имаат злобни коментари, само за да се прослават.“
Утрото го „завршува“ со состаноци во Kylie Cosmetics и потоа денот почнува со полна пареа.
Се изморивте само што го прочитавте „набиениот распоред“...
М. Д. | Црнобело