Се шпекулира: Анџелина Џоли ќе стапи во брак со анонимен маж?
- Детали
- четврток, 13 април 2017
Само затоа што разводот меѓу Анџелина Џоли и Бред Пит не е финализиран не значи дека таа не може да продолжи понатаму и да најде нов животен сопатник.
Блиски извори на 41-годишната актерка за InTouch откриваат дека таа веќе има нов маж во животот и планира да стапи во брак со него.
„Вестите го шокираа и Бред Пит. Воопшто не беше свесен дека таа се гледа со некој друг, уште помалку дека размислува да стапи во брак со него“ - открива изворот.
Според него, Бред се чувствува загрозено, посебно затоа што тие сè уште се борат за старателството над нивните 6 деца.
„Самата помисла дека друг маж ќе поминува време со неговите деца го растажува. Бред не го запознал новиот човек во животот на Анџи и не планира да го направи тоа. Смета дека не е добредојден во неговото семејство“ - изјавува изворот.
„На почетокот, Анџелина се надеваше дека ќе дочека прво да се разведе со Бред, а потоа да почне да живее со друг, но сега веќе и децата ги запозна со потенцијалниот сопруг“.
Инаку, според изворите, станува збор за бизнис и филантроп од Лондон кој е во своите 40-ти години.
Н. Г. | Црнобело