7-те најубави објави за бременост на славните кои некогаш сме ги виделе
- Детали
- петок, 07 април 2017
Од Инстаграм и Твитер постови, до настапи пред публика, познатите личности на различни начини ја објавуваат веста за бременоста.
Бијонсе направи вистински бум со нејзината фотографија на Инстаграм, но и останатите се потрудиле на интересен начин да го покажат тоа.
Погледнете ги најдобрите соопштувања на веста за нов член во фамилијата на славните личности.
Бијонсе
Само таа знае како да „го сруши интернетот“ со едноставна цветна мајчинска фотографија, објавувајќи ја втората бременост – со близнаци.
Сијара
Ништо посебно и претерано – оваа фотографија е доволно слатка за нејзините фанови да се возбудат за нејзината нова радост.
Оливија Вајлд
Прекрасна фотографија со нејзиниот син, која покажува дека наскоро ќе биде мајка на 2 деца.
Ферги
Ферги се одлучила за твит со носталгична стара фотографија од неа и нејзиниот сопруг, Џош Духамел, на која напишала дека наскоро ќе бидат тројца.
Бијонсе (повторно)
Објавата за бременоста со близнаците е неповторлива, но не може да го заборавиме и тој прекрасен момент од покажувањето на нејзиното стомаче во првата бременост со Блу Ајви.
Дауцен Крус
Кој би очекувал нешто помалку (или повеќе, со оглед на разголеноста) од поранешниот ангел на Victoria’s Secret?
Џесика Бил
Нејзиниот сопруг, Џастин Тимберлејк, ја постираше оваа прекрасна фотографија, за која нема потреба од дополнителен опис.
М. М. | Црнобело