Од пријатели до партнери - Како започнала љубовната приказна на Бијонсе и Џеј Зи?
- Детали
- петок, 24 март 2017
Тие се вбројуваат во најмоќните парови во шоу бизнисот. За нив имате чувство дека се отсекогаш заедно, но Бијонсе и Џеј Зи долго време ја криеја својата врска од јавноста, додека шпекулациите се подгреваа.
Во интервју за магазинот „Seventeen“, Бијонсе открила дека го запознала Џеј Зи на 18 години, а започнале да се состануваат кога таа имала 19.
Таа гостувала на песната „I got this“ на изведувачот Амил, кој во тоа време бил протеже на Џеј Зи. Песната била премиерно пуштена на 4 јули, 2000 година и со сигурност може да се каже дека меѓусебните симпатии се родиле токму тогаш.
https://www.youtube.com/watch?v=UwEqKBoAThA
Во 2002 година, Бијонсе и Џеј Зи ја снимија песната „Bonnie and Clyde“, и според изјавите на Џеј Зи ова бил периодот во кој запознале да се состануваат посериозно.
Според Бијонсе, нивната врска на почетокот била пријателска, па прераснала во љубов. Поминала цела година и половина како се дружеле пред да излезат на првиот романтичен состанок. Во интервју со Опра, кралицата на R’n’B музиката открила дека најчесто зборувале на телефон во тој период поради работните обврски, но и дека добрата основа е особено важна за врската.
„Потребно е да имате некој кој ви значи и кој е искрен“, изјавија Бијонсе за време на интервјуто.
Всушност, Опра ја советувала Бијонсе да го зачува својот приватен живот најдобро што може, подалеку од очите на сите.
Во 2003 година Џеј Зи гостуваше во големиот хит сингл „Crazy in Love“ на Бијонсе од нејзиниот прв соло албум „Dangerously in Love“.
Следната година парот за прв пат се појави заедно на црвениот тепих на MTV Видео музичките награди и на светот му стана јасно дека се вљубени и се тука да останат.
17 години по запознавањето, тие сé уште ја живеат својата успешна љубовна приказна.
(О)Милена | Црнобело