Џорџ Клуни изненади 87-годишна бабичка со букет цвеќе за роденден
- Детали
- вторник, 21 март 2017
Џорџ Клуни изненади една 87-годишна бабичка која е сместена во центар за грижа на стари лица.
Вработените таму апелирале дека бабичката Пет ќе биде пресреќна да го види актерот барем на неколку секунди. Апелот стигнал до него и без двоумење решил да ја запознае старицата која го обожавала.
„Ова беше културен гест од прекрасен маж,“ велат очевидци.
„Беше пресреќна да го запознае и беше уште посреќна што Џорџ се појави со букет цвеќе и картичка за нејзиниот роденден.“
Една од жените која се грижи за старите лица, дури и на Фејсбук го споделила шокот кога го видела оскаровецот како влегува во домот.
Секако, средбата е овековечена со фотки:
Special visitor for Pat 😀@SianHammer @SunriseSrUK @SandsAnge #dreamscometrue pic.twitter.com/sKYZg2VvmW
— Malcolm Hague (@MalcolmHague) March 19, 2017
Every ladies dream surely ?! Flowers & a card from George Clooney. 87 yr old Pat was the lucky lady after a surprise visit @GMB @piersmorgan pic.twitter.com/HQVo7PYO4H
— Jonathan Swain (@SwainITV) March 21, 2017
М. Д. | Црнобело