Што сè носеше Кејт Мидлтон за време на посетата на Париз?
- Детали
- понеделник, 20 март 2017
Војводата и војвотката од Кембриџ, Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон викендов беа во посета на Париз.
Во тие два дена, војвотката за само неколку часа успеа да маѓепса со неколку различни изгледи.
Прво за разгледувањето на Елисејската палата и запознавањето со францускиот претседател таа се појави во зелен „Catherine Walker“ капут.
Малку подоцна се појави во црн свечен фустан на „Alexander McQueen“ комбиниран со поголеми бисери и чевли на „Gianvito Rossi“ за време на ручекот во чест на француско-британските односи.
Двојката денот го заврши во резиденцијата на амбасадорот каде Кејт се појави во син фустан на „Jenny Packham“.
Следниот ден имавме можност да ја погледнеме во црвен капут на „Carolina Herrera“ и шарен фустан на „Chanel“ со кои кажа збогум на француската главна метропола.
Сите аутфити на Кејт Мидлтон за посетата на Париз:
Н. Г. | Црнобело