Сите чудни навики за разубавување на Ема Вотсон: Ги избелува усните, става масло на срамните влакна
- Детали
- четврток, 09 март 2017
Ема Вотсон е брилијантна, талентирана актерка која реши да сподели со нас какви техники за разубавување користи. Некои од нив може да звучат чудни, други пак, сосема нормални.
Во интервју со „Into The Gloss“, Ема открива неколку тајни за нега:
1. Користи масло за омекнување на влакната буквално на секој дел од телото, дури и на срамните влакна:
Користам масло за омекнување на влакната, поточно маслото „Fur“. Неверојатен производ.
2. Нејзин начин на откривање на нови производи за разубавување е преку организирање на туѓите торби со шминка
Има нешто посебно во разгледувањето на нечија туѓа торба со шминки - тоа е како интимен поглед во нивната личност. Кога бев дете и го снимавме Хари Потер, секогаш ги прашував шминкерите, впрочем било кој: „Може да ти ја разгледам торбата со шминки?“. Обожавав да истражувам на тој начин. И друга навика ми беше, додека ме шминкаа, да ги организирам туѓите торби со шминка. Седев, го чистев секој призвод и го враќав назад.
3. Ги избелува горните усни и сама ги кубе веѓите
Смешно е, само што зборував со моја блиска пријателка околу тоа како денес, во Инстаграм ерата сè е совршено, лесно е да се направи да изгледа како такво, но никој не кажува што треба да се направи за да изгледате совршено. Јас на пример, ги избелувам горните усни и сама ги одржувам веѓите. Тоа нема да го видите, а е дел од мојата рутина за разубавување. Уште постои срам околу тоа кој што како прави за да изгледа поубаво, но мислам дека е важно да не се исклучува тој дел од реалноста.
4. Не сака маникир, туку педикир
Чудно, ама често не носам лак на ноктите на рацете, туку на нозете.
5. Кога нанесува пудра таа е внимателна да не ги препокрие своите пеги
Моја идеја за добро нанесена шминка е да се гледа колку може повеќе од вашата кожа. Тоа за мене значи сè уште да ми се гледаат пегите. Кога го снимавме Убавицата и ѕверот инсистирав моите пеги да се видливи.
6. Опседната е со капење, понекогаш тоа го прави и по 2 до 3 пати дневно
Се капам секој ден, а понекогаш може тоа да го правам и по 2 до 3 пати на ден. Секогаш наоѓам време за тоа.
Н. Г. | Црнобело