Ѕвезди кои стапиле во брак со нивните љубовници
- Детали
- петок, 03 март 2017
По логиката на нештата, кога си во врска или брак, иднината ја гледаш со тој човек. Но, некои ѕвезди иднината ја планирале со нивните љубовници, додека биле во врска или брак со други луѓе.
Ова се дел од ѕвездите кои стапиле во брак со нивните љубовници:
1. Џулија Робертс и Даниел Модер
Во 2001-ва година Џулија се гледала со Бенџамин Брат, но почнале да летаат искри со камерманот Даниел Модер, кој тогаш бил во несреќен брак. Двајцата се гледале тајно додека Даниел чекал разводот да се финализира.
2. Бред Пит и Анџелина Џоли
Сите ја знаеме приказната - Џоли го украде Бред од Анистон. Но, ова не и беше првпат. Во 2000-та година се омажи со Били Боб Тортон кој кратко претходно бил верен со актерката Лаура Дерн.
3. Алиша Кис и Свиз Битс
Во 2008-ма година Свиз Битс добил детенце од тогашната сопруга. Но, според изјави на Алиша, парот бил несреќен и пред развод. Година подоцна, откако разводот се случил, Алиша потврди дека е бремена од Свиз.
4. Бритни Спирс и Кевин Федерлајн
Кога Бритни започна да се гледа со нејзиниот танчар Кевин, тој бил верен за Шар Џексон. Но, и го очекувал второто дете со неа. А, малку подоцна стапи во брак со Бритни, со која има два сина.
5. Џони Деп и Амбер Херд
Додека заедно работеле на филм, Џони Деп се заљубил во 28-годишната актерка. Мора тоа да биде големи пеперутки, бидејќи заради неа, Џони Деп ја остави својата долгогодишна врска со мајката на неговите деца, Ванеса.
6. Џенифер Анистон и Џастин Тероу
Кога Џенифер го запознала Џастин, тој бил во 14-годишна врска со Хајди Бивенс. Набрзо потоа ја прекинал, и во 2012-та се ожени со Анистон.
М. Д. | Црнобело