Најскапи веренички прстени
- Детали
- среда, 28 април 2010
И додека кај нас купувањето веренички прстени не е задолжително, во САД овој обичај е дел од фолклорот во кој секоја невеста очекува...
...подобар, поголем, посјаен... и со самото ова и поскап прстен.
Во филмовите до сега сме виделе каква фама се крева за ова парче накит (посебно ако е од Тифани), но колку чинат прстените кои познатите пејачи, актери и спортисти ги купуваат на своите девојки?
Од сите славни најдобро помина Бијонсе која од Џеј Зи гоби прстен од 18 карати кој чини $5 милиони долари. На второ место е Парис Хилтон која од својот имењак Парис Латис доби прстен кој вреди $4.7 милиони долари. Штета што прекинаа па мораше да го врати.
Кралицата на кичот, Мараја Кери, носи прстен вреден “само“ 2 и пол милиони. Станува збор за 17 каратен примерок со 57 розеви дијаманти и два дијаманти во облик на полумесечина.
Во средната категорија е Кејти Холмс. Том Круз се одлучил за примерок од 250 илјади долари, исто како и Дејвид Бекам.
Хајди Клум од Сил доби прстен вреден $150.000 долари, а Скарлет Јохансон е најскромна. Нејзиниот прстен вреди $30.000 долари.
Живо џабе зарем не?