Тој е 20 години постар од неа, ја имаат ќерката Џиџи – Љубовната приказна на Сиело од аргентинската серија „Ангели“
- Детали
- сабота, 23 март 2024
Заедно се речиси 20 години, во брак се од 2009, ја имаат ќерката Џиџи, а љубовта ја одржуваат така што не си се мешаат во животите – љубовната приказна на Емилиа Атијас, актерката што ја глумеше Сиело во аргентинската хит-серија Ангели (Casi Angeles).
Се сеќавате ли на аргентинската тинејџерска серија Ангели, која се емитуваше кај нас неколку години по Млади бунтовници?
Во серијата Сиело беше лудо вљубена во Нико, а во вистинскиот живот, актерката Емилија Атијас е речиси 20 години во љубов со аргентинскиот автор, музичар и комичар Наим Сибара.
Таа 20 години по емитувањето на серијата, е уште непроменета и е во топ форма, а ужива во моментите поминати со семејството.
Неколку факти за нивната љубовна приказна:
Нејзиниот сопруг е 20 години постар од неа – тој денес има 57, а таа 37 години, но тоа не е пречка за нивната љубов и разбирање.
Тие функционираат заедно речиси 2 децении, а во брак се од декември 2009, кога направиле прекрасна венчавка на плажа во Бразил.
Круна на нивната љубов е 7-годишната ќерка Џина, која ја добиле откако претходно 12 години биле заедно.
https://www.instagram.com/p/CoNm-GDuynz/?hl=en
За неа Наим има изјавено дека би сакал да ги следи нивните стапки и да стане актерка.
Тој во едно интервју има откриено дека тој е допустлив татко, а Емилија е таа што е построга и внимава на ќерката.
Семејството живее во стара куќа во срцето на Буенос Аирес, со неколку ката и уникатно уредени соби.
За нивната љубов, двајцата велат дека немале криза и дека добро се согласуваат, благодарение на тоа што си го почитуваат личниот простор, водат и засебни животи и не прават се заедно и не си се мешаат во одлуките.
„Можеби тој не е традиционален романтичар што подарува цвеќиња или не слави Валентајн, но тој е романтичен на свој начин. Да разјасниме, и јас сум истата“ – изјавила Атијас во една прилика за сопругот.
Во друго интервју пак, Наим има откриено која е тајната заради која тие се заедно долги години:
„Прво, многу се сакаме. Ние сме сопружници и родители на нашето дете. Но, имаме и засебни животи. Не си се мешаме премногу во животите, ниту во нечии други животи. Многу сме слични“.