Славни родители кои користеле сурогат мајки
- Детали
- петок, 03 март 2017
Сè повеќе славни родители се одлучуваат за сурогат мајки, во моментот кога ќе сфатат дека самите не се способни на свет да донесат бебе.
Ова се само дел од оние кои не се срамат и кријат да признаат дека нивните дечиња се родени од сурогат мајки:
1. Никол Кидман - Иако Никол Кидман ја роди првата ќерка во 2008-ма година, за втората во 2010-та се одлучи за сурогат мајка.
2. Луси Лу - самохрана мајка која исто така одбрала својот син да го добие со помош на сурогат.
3. Сара Џесика Паркер - Во 2009-та година откри дека пронашла сурогат мајка која нешто подоцна на свет ги донесе нејзините две близначки.
4. Тајра Бенкс - Откако јавно откри дека се борела со неплодност бидејќи со години го одложувала раѓањето на дете, Тајра денес е мајка на Јорк Банкс Асла, момче донесено на свет од сурогат мајка.
5. Џими Фелон - Во 2013-та и 2014-та заедно со неговата сопруга добија две ќерки преку сурогат мајка.
6. Роберт Де Ниро - Со помош на сурогат во 2011-та година Роберт стана татко по вторпат.
М. Д. | Црнобело