Фијаско на Оскарите: La La Land по грешка беше прогласен за Најдобар филм на Оскари 2017
- Детали
- понеделник, 27 февруари 2017
На 89-те Оскари се случи мала катастрофа, Ворен Бити и Феј Данавеј по грешка најавија дека „La La Land“ е добитник на најпрестижната награда за Најдобар филм на Оскарите, наместо вистинскиот победник.
Ѕвездите и продуцентите кои стојат зад „La La Land“ на половина говор беа принудени трофејот да го предадат на вистинскиот победник - „Moonlight“.
Лошиот крај, на инаку триумфалното шоу заврши со непријатни воздишки кога Бити откри дека погрешно прочитал „La La Land“.
Бити уште тогаш изјави дека му било дадено погрешното плико кога го видел името Ема Стоун од филмот „La La Land“ кога го отворил.
И како што се чини, бил во право. Зад сцена се прават повеќе пликоа за секоја категорија, а Бити го добил тоа каде било напишано Ема Стоун.
Тогаш сфатиле дека зад сцена, останале двете пликоа за Најдобар филм, а Бити го добил тоа со името Ема Стоун напишано на нив.
https://www.youtube.com/watch?v=WSCuGj0pIww
А, еве како Ема Стоун реагираше на тоа:
https://twitter.com/nadatostada/status/836085289542021122/video/1
Н. Г. | Црнобело