Дрејк повторно се отвори за Ријана: „Денес е роденден на некој кој многу го сакам“
- Детали
- среда, 22 февруари 2017
Минатата година Дрејк јавно, на MTV VMA, се отвори и ги изрази своите емоции кон Ријана. Додека беа во врска дури и направија исти тетоважи. Но, нивната романса траеше кратко и набрзо потоа се разделија.
Одреден период бевме сигурни дека тој е во врска со Џеј Ло, но се чини дека не е така.
Тој повторно почна јавно да ги изразува своите емоции кон Ријана.
Овојпат ѝ честиташе роденден за време на неговиот концерт во Даблин.
https://twitter.com/xDrakeFam/status/833847337785102336?ref_src=twsrc%5Etfw
„Денес некому му е роденден - на некој кој многу го сакам и почитувам“ - изјави тој.
„Па, наместо да пееме Среќен роденден, вака ќе продолжиме...“ - додаде.
Drake wishing Rihanna a happy birthday before performing their collabs. #BoyMeetsWorldTour pic.twitter.com/yuCzj0Jnsu
— Drizzy Source (@DrizzySource) February 21, 2017
Н. Г. | Црнобело