Дрејк се отвори на MTV VMA: „Во Ријана сум вљубен уште од 22 години“ (видео)
- Детали
- понеделник, 29 август 2016
Дури и птичките на гранка знаат за огромната љубов којашто Дрејк ја чувствува кон Ријана бидејќи не пропушта ниту една прилика да ја искаже, а вчерашните MTV VMA не беа никаков исклучок.
„Таа е личностa во која сум вљубен уште кога имав 22 години“, изјави Дрејк, поканувајќи ја Ријана да ја прими наградата со највисока почест – „Michael Jackson Video Vanguard Award“.
Ријана му возврати со симпатична нежна насмевка која ги стопи срцата на обожавателите.
„Тоа што е најимпресивно не е бескрајната листа на статистики, награди или достигнувања“, продолжи Дрејк во неговиот горовот. „Тоа што е најимпресивно е самата личност“.
Дрејк исто така потенцирање дека со РиРи се блиски пријатели веќе 11 години и фактот што таа не дозволила нејзините достигнувања да го сменат нејзиниот карактер е за восхит.
На крајот, сиот љубовен излив на сцената беше запечатен со сладок бакнеж од страна на Ријана.
Погледнете како изгледа една љубов:
(О)Милена | Црнобело